Седмото коло од Втората фудбалска лига – Запад, го носи градското дерби помеѓу Охрид Лихнидос и Воска Спорт.

Двете екипи влегувааат со императив победа во средбата која е од исклучително значење. По седум одиграни кола ГФК Охрид Лихнидос е закован на дното на табелата со само три освоени бода, а Воска Спорте на второто место, на четири бода од водечкиот Силекс.

Натпреварот Охрид – Воска се игра од 14 часот.

Г.М.