Во рамки на 20 коло од Втората фудбалска лига Запад, денеска на стадионот „Билјанини извори“ ќе се одигра градското дерби помеѓу Охрид Лихнидос и Воска Спорт.
Во третата меѓусебна пресметка двете екипи влегуваат со амбиции за победа. Охрид е на 8-ми на табелата со 19 бода и грчевито се бори за опстанок, додека Воска Спорт со 42 бода е на втората позиција која води во баражот за пласман во Прва лига.
На средбата најавен е и навивачки спектакл по повод 14 роденден на една од подгрупите на „Рибари“ – „Лихнид бојс“.
Натпреварот Охрид Лихнидос – Воска Спорт почнува во 15 часот.
OhridNews