На иницијатива на советникот Љупчо Нечкоски, градоначалникот Александар Петрески и претседателот на советот Владо Чингоски, во населбата Расдник, го посетија семејството на Јане и Даниела Савески и нивните двегодишни деца, тројката, Андреа, Андреј и Александар.
Градоначалникот Петрески, во име на локалната самоуправа, на семејсвото Савески му подари неопходни намирници за најмладите членови, како гест на внимание и грижа што општината ја посветува кон семејствата кои материјално и финансиски имаат потреба од таква помош.
Во семејството Савески вработен е само сопругот Јане, додека мајката Даниела се грижи за домаќинството и децата. Градоначалникот Петрески истакна дека локалната самоуправа во рамките на своите можности секогаш ќе спроведува вакви хуманитарни акции, но искажа надеж дека истите во иднина ќе се намалат, на сметка на нови вработувања и подобар животен стандард за сите граѓани на Охрид.