Гигантите од Манчестер, Јунајтед и Сити ќе водат жестока битка за потписот на шпанскиот репрезентативец Саул Нигез во летниот преоден рок.

Фудбалерот и неговиот сегашен клуб Атлетико Мадрид далеку се од нов договор и продолжување на соработката. Преговорите моментално се прекинати, а клубот од Мадрид ја разгледува опцијата за продажба бидејќи за година дена од сега фудбалерот може да замине без оштета.

Ценатата на транасфер маркетот на Саул Нигез е 150 милиони евра. Градските ривали од Манчестер планираат да ја спуштат цената до 100 милиони евра но да уклучат бонуси во трансферот.

„Црвените ѓаволи“ имаат мала предност во трката за потписот на Саул Нигез, откако „граѓаните“ добија двегодишна забрана за настап во европските натпреварувања од УЕФА.

Саул Нигез потекнува од школата на Атлетико Мадрид и од 2016 година е стандарден репрезентативец во шпанската селекција.

OhridNews