Градскиот стадион “Билјанини Извори” и Охрид домаќини на женските А репрезентации на Македонија и Луксембург.

Натпреварот е дел од квалификациите за пласман на Европско првенство кое ќе се одржи во 2023 година. Утрешниот натпревар ќе се одигра на градскиот стадион со почеток од 13 часот и 30 минути, велат од ЈП „Билјанини извори“.

ЈП “Билјанини Извори” им посакува многу успех на нашите фудбалерки на утрешниот натпревар и воедно ги поканува сите љубители на фудбалот да дојдат утре и заедно да го бодриме нашиот национален тим.

OhridNews