Од градскиот кошаркарски клуб Охрид известуваат дека повторно започнуваат со тренинзи. Од таму ги повикаа сите љубители на спортот, фокусирани на правилен раст и развој да бидат дел од клубот.
Тренинзите ќе се одржуваат во салите на ООУ ,,Григор Прличев’’ во понеделник, среда и петок и во ОСУ „Св.Климент Охридски’’ (Гимназија) во понеделник, среда и петок.
Групите се поделени на следниве подгрупи:
– минибаскет од 5 до 9 години во салата при ОСУ „Св. Климент Охридски“
– генерација 2004/05
– генерција 2006/07
– генерација 2008/09/10
– Женска група
Тренинзите се одржуваат согласно пропишаниот протокол за работа при системот на КФСМ за превенција и зашита од COVID – 19, информираат од КК Охрид.
OhridNews