Новогодишното украсување на градот е во тек. Се очекува да биде во целост завршено до празникот Свети Никола, на 19- ти декември.
Како што информираат од локалната самоуправа за украсувањето се користат старите украси од минатите години, кои се добро очувани и со кои освен централното градско подрачје, ќе се украсуваат и останатите делови од градот.