Наголемиот градски автобус, во кој има места за 250 патници, деновиве ја одработил својата прва смена во градот Коритиба, во бразилската држава Парана. Автобусот бил произведен во фабриката „Волво“ во Бразил.
Долг е 28 метри, а широк 2,6 метри. Се движи на биодизел гориво направено од семе од соја. Инаку, стандардните автобуси се долги од 11 до 14 метри.