Деновиве е извршена промена на натписот на влезот од градската болница. Стариот натпис на кој пишуваше „Медицински центар – Охрид“ е променет со новиот назив „ЈЗУ Општа болница – Охрид.“
Од управата на болницата информираат дека тоа е направено согласно измените во законот за здравство, според кој оваа здравствена установа се преименува во општа болница.
нов назив на градската болница
Покрај оваа формалност, раководството во наредниот период најави уредување на јавните површини во внатрешноста на болницата и изградба на паркинг простор. Тоа се прави заради пациентите кои имаат потреба со автомобил да дојдат до соодветните болнички одделенија, велат од управата на болницата.
ohridnews