Градската управа на Киев денеска соопшти дека од почетокот на војната во земјата, на 24 февруари, досега во главниот град загинале вкупно 222 лица, од кои 60 биле цивили и четири деца.
Британските медиуми наведуваат дека во се почестите и пожестоки напади врз главниот град повредени се уште 889 лица, меѓу кои 241 цивил, повикувајќи се на податоците на Градската управа на Киев.
Главниот град и денеска беше гранатиран, а притоа загина едно лице, додека околу 20 беа повредени, меѓу кои и четири деца. Оштетени се шест згради.
Русија го гледаше Киев како своја главна цел – надевајќи се дека ќе ја собори сегашната влада и ќе постави марионетска верзија – но нејзините сили беа запрени поради логистички проблеми и жестока одбрана на Украинците, се наведува од градската управа на Киев.
OhridNews