Градските ривали Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити ќе ги одмерат силите во една од двете полуфинални двојки во англискиот Лига куп. Другата двојка ја сочинуваат екипите на Астон Вила и Лестер.

Манчестер Јунајтед во 1/4 финалето го совлада Колчестер со 3-0, а пак, Манчестер Сити со 3-1 славеше против Оксфорд. Лестер после изведување на пеналите го елиминираше Евертон со 4-2 (2-2), додека Астон Вила подобар беше од Ливерпул со 5-0.

Во полуфиналето од англискиот Лига куп се играат два натпревари. Првите дуели на програмата се 7 јануари, а реваншите на 28 јануари следната година.

OhridNews