Во Кина наскоро ќе „никнат“ градови шуми. Идејата ја осмисли познатиот италијански архитект Стефано Боери, познат по проектирањето на облакодерите со зеленило во Милано, а ќе се реализира во Нанкинг на истокот од Кина, земја со најголем процент на загадување во светот.
Засега предвидена е изградба на два облакодери кои ќе имаат по 23 видови дрва и околу 2500 каскадни грмушки. Во овие згради ќе биде сместен луксузен хотел со 247 соби, деловни простории, музеј и школа за архитектура.
Двата облакодери треба да бидат дел од поголем комплекс кој е замислен како вертикална шума. Ќе започнат да се градат оваа година, а до 2020 година ќе може да го видиме првиот зелен град во Кина, изјавил Боери за „Гардијан“.
OhridNews