Намерата на Министерството за одбрана да се откаже од касарните во Охрид заслужува секаква поддршка и е за поздравување, изјави портпаролот на Општина Охрид, Никола Маневски, по повод најавата на министерот Зоран Коњаноски дека одбраната ќе ги отстапи касарните во Охрид, Битола и Струмица.

– Одлуката е во склад со определбите за кооперативна соработка помегу централната и локалната власт во интерес на граѓаните преку создавање можности за побрз развој на општините. Со реализацијата на ова намера, која веруваме дека ке заврши целосно до крајот на годинава, се отвара можноста за реализација на определбите на локалната власт за урбанистичкото и просторно решавање на повеќе проекти кои ќе значат современ и функционален лик на Охрид и за времињата кои доаѓаат, истакна Манески.

Портпаролот на општината нагласи дека ваквата одлука отвара можност во договор со другите надлежни, а пред се со Министерството за оразование и наука, на просторот на Касарната да се оформи охридскиот универзитетски и студентски кампус. Со тоа, додава Манески, добива и државата и општината, а нормално, и високото образование и студентите бидејки овој простор со веќе постојната инфраструктура и мали соодветни реконструкции е идеален за таа намена.

Локалната самоуправа изразува целосна благодарност на министерот Коњаноски за искажаното разбирање за потребите на  општините, што според неа ќе придонесе за нивен развој.

Ohridnews