И покрај потребата, но и бројни најави, Охрид се уште нема Центар за безбедност и спасување на вода и покрај тоа што на на самиот брег на охридско-струшката ривиера има три специјални болници. Овој проблем е актуелен повеќе години, но се игнорира како од поранешната, така и од актуелната локална самоуправа велат од Црвениот крст, потсетувајќи дека во координација со надлежните државни институции определено е Националниот центар за безбедност и спасување на отворени води да биде лоциран во Охрид.
-Последниот одговор што го добивме е дека не е предвидено со урбанистичките планови таков простор. Јас само ги потсетувам и апелирам нека предвидат. Како е можно да се предвидуваат најразлични објекти покрај езерото, а не предвидено замислете Центар за безбедност на вода покрај Охридското Езеро со олкава површина и толкав број гости и се со што се соочуваме во тек на летниот период.-истакна Сашо Точков од Црвен крст Охрид.
Од Црвениот крст најавија дека денеска ќе поднесат нов допис до надлежните институции просторот предвиден за едриличарските клубови локалната самоуправа да го отстапи на Црвениот крст или на било кој друг субјект кој може професионално и ефикасно да се грижи за безбедноста на капачите и сите кои ги користат водите на Охридското Езеро.
Во моментов Црвениот крст Охрид на плажата Горица има импровизиран спасувачки пункт, но координацијата на екипите за спасување на вода се врши од седиштето на организацијата во градот, што не соодветствува со потребите и стандардите.
Г.М.