Инцидентот во кој смртно настрада еден српски турист, го осудија градските власти. Градоначалникот на Охрид, Александар Петрески, изрази жалење за изгубениот живот и побара од надлежните органи поголема заштита на туристите.

– Прво да изразам големо жалење за настанот што се случи. До Амбасадата на Реублика Србија и до целиот српски народ. Овој настан не смееше да се случи. Иако како градоначалник вопшто немам ингеренции во однос на јавниот ред и мир во градот, сепак чувствувам голема одговорност за настанот што се  случи. Ние, градот Охрид со Србија имаме одлична соработка. впрочем српските турсити се најбројни тука. Неодамна токму од српските тур-опеатори добиме награда за најгостопримлив град на Балканот. Во секој случај овој настан негативно ќе се одрази врз туризмот во Охрид. Никој не заслужува ваков однос, најмалку гостите од Србија, рече градоначалникот Александар Петрески.  

OhridNews