По налог на Општина Охрид, службите на ЈП „Градски гробишта“ денеска поставија нова плоча со натпис на споменикот „Солза на Роза“, којa беше отстранета деновиве од страна на непознат сторител. Споменикот беше откриен на 5 септември, на 11 годишнината од потонувањето на бродот „Илинден“ во Охридското Езеро, кога животот го загубија 15 туристи од Република Бугарија.
Ова спомен обележје продолжува да биде симбол на сочувството и почитта за 15-те бугарски туристи кои трагично загинаа во несреќата на бродот „Илинден“, на 5-ти септември 2009 година. – објави градоначалникот Константин Георгиески.
Градоначалникот на Охрид претходно го осуди отстранувањето на спомен плошата, нарекувајќи го вандалски чин. Немилиот настан го осуди и Министерството за надворешни работи.
OhridNews