Одликувањето од Шабачко – ваљевскиот владика на Српската православна црква – СПЦ, г. Лаврентиј, во спомен на Владиката Николај Велимировиќ кој во периодот меѓу двете светски војни бил на чело на тогашната Охридска, а потоа и на Охридско-битолската епархија, деновиве им беше врачено на градските власти.

Вакво признание  добија  и Дебарско – кичевската епахија,  градот Битола и фирмата „Дасто“.

Шабачко-ваљевскиот Владика Лаврентиј е припадник на умерената струја во СПЦ која се залага за решавање на црковниот проблем со МПЦ. Владиката Лаврентиј беше учесник на светската меѓурелигиска конференција што минатиот октомври се одржа во Охрид. Потегот на Шабачко-ваљевскиот владика се смета за благо доближување на двете цркви по периодот на заладени односи поради непризнавањето на автокефалноста на МПЦ од страна на СПЦ.