Сопственикот на приватниот град во Тексас Бикинис го променил името на тоа мало место во Банкерсмит, името кое го имало пред да го купи угостителот чиј ланец ресторани има традиција според која келнерките носат бикини, поради што градот го добил и своето име, пренесуваат светските агенции.
Даг Гулер го купил овој „град на духови“ во 2012 година со намера да стане туристичка атракција која е сочинета од ланец ресторани и оттогаш изградил голема сала со бар, го опремил со добро озвучување и светлосни ефекти за различни намени. Гулер вели дека името на градот го променил како би ги смирил соседите кои постојано се жалеле.