Градоначалниците на тринаесетте општини од Југозападниот Плански Регион на Македонија, во кој спаѓа и Охрид,  повеќе денови црпат искуства за регионалниот стопански развој, меѓуопштинското поврзување, користењето на ЕУ фондовите и низа други прашања од регионалните и општински власти на германските Покраини Баварија и Баден-Витенберг како и пограничните региони на СР Германија со Швајцарија и Австрија.    

Градоначалниците од вчера се во  посета на пограничниот регион Тирол – Австрија, при што ќе биде посетен и познатиот зимски центар  Инсбрук. Целта на ова посета градоначалниците да видат и да се информираат изворно како може да се развива успешно планинскиот туризам. Оваа област е позната по извонредните природни убавини, планини, шуми и замоци и е предизвик за посетители од цел свет. Потврда за тоа е и податокот дека оваа област, односно регионот на Тирол, иаку е ретко населена – остварува околу 3 милиони туристички ноќевања годишно.

Покрај природните убавини во функција на туризмот во Тирол е  ставено богатото културно-историско наследство (разни споменици и замоци). Она што посебно е интересно за македонските општини е мошне развиената регионална и погранична соработка, како и извонредната организираност на регионалните и локални власти во користењето на ЕУ фондовите преку соодветни проекти. За разлика ос Германија и Австрија, македонските погранични региони сеуште се далеку од воспоставување вистинска соработка која ќе им ги отвори европките фондови без кои развојот, особено на алетрнативниот и планинскиот туризам е невозможен.

Ohridnews