Еднонеделната работна посета на 13-те Градоначалници од Југозападниот Плански регион во Македонија  на германските Покраини Баварија и Баден-Витенберг, која започна вчера, а е организирана од германската Влада преку ГТЗ (Германското друштво за техничка соработка) во рамките на ИНВЕНТ-Програмата, денеска и утре продолжува со посета на Равензбург и Фридрихсхафен, Регион на Боденското Езеро.

Според изјавата на Градоначалникот на Охрид, Александар Петрески, станува збор за Регион кој е сличен по многу нешта на Југозападниот регион на Македонија. Градоначалниците на Охрид, Струга, Дебарца, Вевчани, Дебар, Центар Жупа, Кичево, Зајас, Осломеј, Другово, Вранештица, Пласница и Македонски Брод во текот на дводневниот престој во овој Регион ќе бидат остварени средби со локалните власти односно општините, а ќе се водат разговори во врска со развој на туризмот, градинарството и овоштарството како и производството на сокови. Тема на разговорите ќе бидат и искуствата во образованието и организацијата на локалните самоуправи.

При престојот во овој Регион, градоначалниците од македонскиот Југозападен регион, меѓу другото, ги посетија Центарот за овошни насади, Здружението за отпадни води, винскиот Подрум во Меерсрбург….

Студискиот престој на делегацијата на Градоначалниците од Југозападниот Плански регион на Македонија продолжува до недела.

Ohridnews