Локалната самоуправа од Охрид им вети на граѓанските здруженија на лица со посебни потреби и инвалидидет дека ќе им отстапи простории на приземје со дворно место од 500 метри квадратни. „Тие простории се наоѓаат во близина на х. Милениум и во иднина во нив ќе можат да ги користат граѓанските здруженија кои ќе треба да се договорат околу поделбата на просторот“, рече Петрески на средбата со членовите на Сојузот на телесните инвалиди на Македонија вчера во Охрид. Притоа Петрески не потенцираше за кој објект точно се работи но со оглед на локацијата која ја спомна, веројатно се работи за бараките кај каналот Студенчишта. На тој простор според неодамна донесениот Предлог детален урбанистички план треба да се гради хотелски комплекс.
Петрески вети соодветни простории за граѓанските здруженија
Петрески во обраќањето пред присутните не прецизираше за каков простор се работи и каде точно тој се наоѓа, ниту дали тој трајно ќе им биде отстапен на користење на граѓанските здружениеја. Тој единствено посочи дека просториите во поранешен ЗОИЛ каде канцеларии користи Здружението на родители на деца заболени од церебрална парализа и други здруженија се несоодветни бидејќи таму лифтот не е во функција, и дека тој проблем ќе се реши со преселба на граѓанските здруженија во новите простории.
се караат па се мират Чочегова и Петрески
Членовите на Сојузот на телесните инвалиди од Македонија викендов во Охрид имаат заедничко дружење. Нивната средба беше пропратена со тематски предавања што вчера се одржаа во хотелот Ројал. Психологот Милован Србиноски говореше на тема „Како да се справиме со лутината и бесот“, додека д-р Гулапка Василеска, специјалист невролог одржа предавање на тема „Парапареза“.
Сојузот на телесни инвалиди на РМ
викендов во Охрид организираше дружење за своите членови
Г. Момироски