Општина Охрид ќе обезбеди времено сместување на жителите од булеварот “Железничка”, кои изградбата на оваа улица ќе ги остави без покрив над глава. Ова го вети градоначалникот Александар Петрески, напоменувајќи дека иако не е обврзан да превзема вакви активности, тој вложува големи напори за семејствата на кои ќе им бидат рушени куќите, да не останат на улица.

 Во врска со овој  проблем тој објаснува дека  остварил  голем број средби со загрозените граѓани, а бил на разговори и со министерот за транспорт и врски Миле Јaнакиевски и со преставници на Фондот за патишта и Јавното претпријатие за стопанисување со стамбен и деловен простор.

-Овие состаноци ги остварив со цел да се изнајде решение, за да им се помогне на овие семејства времено да бидат згрижени откако ќе им се рушат куќите. Покрај тоа што ќе им овозожиме времено згрижување во социјални станови и времени објекти, ние со веќе донесената одлука на Совет ќе им овозможивме да бидат ослободени од плаќање на комуналии за градба, доколку решат  повторно да ги изградат куќите.-рече Петрески.

Ohridnews