По повод доделувањето на Наградата на Фестивалот „Сараевска зима“ на сценско – музичкиот Фестивал „Охридско Лето“, градоначалникот на Охрид, Александар Петрески упатува честитки до директорот на Фестивалот, Тони Симоноски, Управниот одбор и програмскиот Совет на Фестивалот.

Во честитката на градоначалникот Петрески се вели:

– Наградата што е доделена на нашата најпрестижна културна манифестација за особен придонес во ширењето на културата помеѓу народите на Балканот, е потврда за успешната  полувековна мисија на „Охридско Лето“, признание за културниот капацитет на ова поднебје и афирмација на Охрид и Македонија како реномирана дестинација на светската мапа на културни настани за светски познати и реномирани музичари-репродуктивци, диригенти, оперски ѕвезди, актери или театарски куќи.

Оваа награда треба да ја доживееме и како поттик за централната и локалната власт за што поподготвено и достојно јубилејно годинешно изданине на Фестивалот, стои во честитката на на градоначалникот Петрески.

Ohridnews