На средбата на која присуствуваше и тренерот на Селман, Влатко Димитров, Петрески го истакна задоволството што Охрид ќе има свој репрезент на летната олимпијата во Пекинг која започнува наредниот месец.
„Горди сме што Охрид има еден ваков спортист кој е пример со своето однесување за помладите генерации“, рече на приемот Петрески. Тој на Селман му посака успех на претстојната олимпијада, а за добар пат нему и на тренерот Димитров од име на градот им подари спортска опрема со логото на Охрид. Петрески на средбата истакна дека општината Охрид ќе се потруди на Селман да му обезбеди работа, со што тој ќе може да го пренесува своето знаење во иднина на помладите генерации.
Реџеп Селман се заблагодари на вниманието на општината и вети дека достојно ќе ги репрезентира Охрид и Македонија на олимпијадата. „ Кога почнував тренерот Влатко ми велеше дека имам талент и дека ќе стигнам далеку во кариерата. Тогаш не верував во тоа, но денес нему сум му најмногу благодарен за мојот успех“, ја отвори душата Селман. Тренерот Влатко Димитров не криејќи ги емоциите истакна дека Охрид имал многу атлетски таленти, но Селман рече тој ,беше упорен до крај и затоа го постигна тоа што го постигна.
спортска опрема за добар пат