Со Решение на градоначалникот Александар Петрески од 10.06. 2008.година, врз основа на член 169 од Законот за јавни набавки, поништени се, поради променетите потреби од објективни и непредвидени околности на договорниот орган, два огласи за јавни набавки од трите кои беа отворени до 5. овој месец. Станува збор за Огласот бр. 17/2008 – Набавка на клиент софтвер апликации за потребите на општина Охрид; и Огласот бр. 18/2008 – Изработка на ВЕБ страна за потребите на општина Охрид.
Градоначалникот поништи два огласи за јавни набавки
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com