Со решениe на градоначалникот Константин Георгиески, поништен е Јавниот повик за финансирање на проекти од областа на одржливиот локален економски развој и туризмот за 2020 година кој го објави Секторот за Туризам и ЛЕР при општина Охрид на 22.01.2020 година.
Причина за поништувањето е информацијата на Владата за намалување на непродуктивните трошоци, стои во образложението на одлуката.
Од истите причини Општина Охрид го поништи и Јавниот повик за откуп на фотографии со мотиви од Охрид кој го објави Секторот за Туризам и ЛЕР при општина Охрид на 27.01.2020 година.
OhridNews