Градоначалникот Петрески со честитка до Ѓоко Танески: “Охрид е горд бидејки ќе го афирмираш својот град“
21.02.10 12:54
По повод најновиот успех на охриѓанецот Гоко Танески кој ќе ја претставува Македонија на „Евросонг 2010“ во Осло , градоначалникот Александар Петрески, му упатува честитка во која стои:
„Чувствувам лично задоволство, а верувам дека ја споделувам гордоста на сите наши сограѓани, од твојата победа и успехот да ја претставуваш нашата земја на престижниот натпревар во Осло. Твојот успех претставува успех и гордост за целиот Охрид, бидејки со твојот настап на најдобар начин ќе се афирмира и нашиот град. Имајки предвид дека музиката нема граници и најдобро ги поврзува народите, токму „Евросонг“ е можноста да се чуе повторно за Македонија и Охрид. Твојот успех е наша гордост бидејки Локалната самоуправа и лично јас одсекогаш сме воделе грижа и сме ја давале можната поддршка неоходна за твоите турнеи, концерти или снимања. Сме верувале во тебе и твојот талент, а еве, ти на најдобар начин му возвраќаш на својот град.
Охрид е горд што се грижи за своите талентирани сограгани и заради фактот што во твојот бенд настапи и младиот Дамјан Пејчиноски кој одушеви со своето музицирање на гитара. Локалната самоуправа и јас како Градоначалник токму нему му помогнавме кога се стекна со светска слава на светскиот натпревар на гитаристи што се одржа лани во Лондон.
Честитам, се гордееме и уверуваме дека секој наш сограганин кој го афирмира Охрид, ја има и ќе ја има мојата поддршка и помош. На тој начин, вие со својот талент, а ние со сесрдна поддршка, потврдуваме, заедно, дека овој град е град на духовно богати граѓани, успешни и талентирани млади и со право е вистински презентент на Македонија во светот во многу области, посебно музиката.
Ти честитам за победата и ти посакувам натамошна успешна кариера“
Општина Дебрца, во соработка со ЈПКД-Дебрца, започнаа со реализација на проектот за поставување на нов водоводен крак во должина од 600 метри во село Сливово Овој проект има за цел да го подобри сн...
По направените проверки во училиштата, утврдено е дека сите дојави за поставени екплозивни направи се лажни, а учениците се вратени на настава Родителите да се чувствуваат безбедно бидејќи сите мер...
Стилот и квалитетот се секогаш во мода, а дополнети со исклучителни цени се прав избор за секој купувач Не пропуштајте го попустот што и овој февруари го нуди бутикот „Емили“ во трговскиот центар А...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.