-После воспоставената комуникација со Петрески, а имајќи ја предвид неповолната хидролошка ситуација и актуелните проблеми односно критичната преотовареност на Колекторскиот систем за заштита на Охридското Езеро, градоначалникот на Охрид сепак ја прекинува посетата и се враќа назад, информират од Кабинетот на градоначалникот.
Претходно пред медиумите од локалната самоуправа изјавија дека градоначалникот Петрески нема да ја прекине долго планираната посетата на Австралија, бидејќи сите општински институции функционираат тековно и не e неопходно негово физичко присуство за справување со неповолната хидролошка состојба во охридско. Подоцна по координацијата со градоначалникот кој се наоѓа во Австралија, Кабинетот на Петрески соопшти дека тој сепак ќе ја прекине посетата и се враќа во Охрид
Градоначалникот на Охрид пред два дена замина на службеното патување во Австралија на покана на градоначалникот на Општина Рокдејл од Сиднеј, Бил Серавиновски, на градоначалникот на Квинсбејн од Канбера, Тим Оверал и Охридското социјално друштво „Свети Наум Охридски“ од Мелбурн.