Во чест на 2- ри август, Денот на Републиката, во селата Велгошти и Плаќе ќе се одржат пригодни свечености на кои ќе присуствува градоначалникот на општина Охрид Александар Петрески.

Во предвечерието на националниот празник, во селото Велгошти со почеток во 20 часот пред споменикот на Илинденците, традиционално ќе биде одбележан Денот на Крушевската Република каде ќе присуствува и свое обраќање пред присутните ќе има Градоначалникот Александар Петрески.

По повод Денот на Илинденското востание и патронатот на црквата „Св.Илија“ во с.Плаќе, Градоначалникот ќе присуствува и на свеченоста организирана од Одборот за прослава при Месната заедница од с.Плаќе, каде со почеток во 10:30 часот, со импровизиран напад на селото од комитите, положување цвеќе и историски час пред споменикот на паднатите борци од с.Плаќе во востанието на Рашанец и Народноослободителната борба на Македонија ќе започне одбележувањето на празникот, а ќе продолжи со културно-забавна програма.

Ohridnews