Претседателот на Република Македонија Бранко Црвенковски денеска во Скопје оствари средба со градоначалникот на Охрид Александар Петрески по повод подготовките за претстојниот Самит на претседатели на земјите од Централна Европа што идниот месец ќе се одржи во Охрид.
Петрески го брифираше претседателот Црвенковски
Петрески на средбата го информирал претседателот за текот на подготовките на Охридскиот самит, на кој ќе учествуваат 18 шефови на држави од Централна Европа. Притоа градоначалникот го запознал претседателот за активностите околу уредувањето градот, како и на локациите што ќе бидат посетени од високите гости на самитот. Охрид веќе неколку месеци се подготвува за најголемиот претседателски Самит во историјата на Макдонија, во што активно се вклучени локалната самоуправа и јавните претпријатија на градот, изјавил Петрески. Тој го информирал претседателот дека сите траси каде што ќе поминуваат претседателите комплетно ќе бидат реновирани, а се работи на оспособување и на неколку нови паркинзи на Плаошник.
На средбата градоначалникот Петрески најавил дека по долго размислување, општината најверојатно деновиве ќе почне со уривањето на старата градска библиотека каде треба да се изгради парк. Петрески на средбата истакнал дека максимално подготвени се и хотелски капацитети каде минатата година престојуваа голем број високи гости кои учествуваа на НАТО Форумот.
ohridnews
фото: МИА