„Ве уверувам дека жителите на Охрид и целата македонска јавност се згрозени поради овој настан и го осудуваат чинот извршен од група насилници. Ние како локална власт во овој период успеавме да воспоставиме одлични односи со повеќе градови, медиуми, туристички и бизнис-асоцијации од Србија, со цел блискоста на нашите два народи и држави, преку соработка во областа на културата, туризмот и економијата, да ја подигнеме на највисоко ниво“ стои во писмото испратено од Петрески до Ѓилас.
Меѓу останатото, во пораката Петрески потсетува дека токму српските гости се најбројни на Охридската ривиера и изразува надеж дека така ќе остане и во иднина.