Градоначалникот на Охрид, Александар Петрески поднесе приватна тужба против Перо Петрески-Калимеро за сторено кривично дело клевета со невистинитото тврдење во јавноста изнесено во емисијата на ТВ „Морис“ дека Градоначалникот „поседува американски пасош“, соопшти денеска Одделението за односи со јавност на Општина Охрид.
Гостувајки во вчерашната емисија „Актуелности“ на ТВ „Морис“, во контекст на излагањето за тоа колку кој придонесол со своето ангажирање за доброто на Охрид, членот на советот на Општината, Перо Петрески Калимеро посочи дека „тој не мисли да замине никаде и има само македонски пасош, а Градоначалникот поседува американски пасош“.
Одделението за односи со јавност на Општина Охрид ја информираат јавноста дека станува збор за чиста невистина бидејки Градоначалникот Петрески не поседува американски пасош. Изнесеното невистинито тврдење на Перо Петрески-Калимеро е најобична клевета и измислица со цел да се наштети на моралниот интегритет на Александар Петрески и да се дискредитира личноста на Градоначалникот во јавноста со алузија за негово божемно несоодветно однесување кон функцијата, се вели во соопштението за јавност на Одделението за односи со јавност на Општина Охрид.
ohridnews