Високите гости, учесници на Самитот на претседатели на државите од Централна Европа, кои денеска пристигнаа во Охрид, на аеродромот Св. Апостол Павле беа пречекани од градоначалникот Петрески. Тој им посака топло добредојде во Охрид, по што со специјални возила делегациите се упатуваа кон хотелот Инекс каде се одржува работниот дел од Самитот. Петрески смета дека Самитот на претседатели е настан од искучително значење не само за Охрид и развојот на туризмот, туку и за Македонија воопшто.
Петрески ги пречека високите гости во Охрид
ohridnews