Учесниците на „Школата за безбедност 2025“ која се одржува во Охрид и Скопје во организација на фондацијата „Конрад Аденауер“ денес оставрија средба со градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков.

Со младите студенти од Македонија, Србија и Бугарија разговаравме за мерките и активностите кои Охридската локална самоуправа ги презема во делот на справувањето со кризи и за Штабот за заштита и спасување на Општина Охрид кој е постојана соработка со Центарот за управување со кризи и Дирекцијата за заштита и спасување. Исто така, ги информирав гостите дека општината има донесено Програма од областа на заштита и спасување, управување со кризи и ревитализација по елиминирање на кризи, а со новата систематицација во рамки на Локалната самоуправа е формирано Одделение за заштита и спасување и управување со кризи, вели Пецаков.

На средбата, посочува, беше потенцирано дека Општина Охрид веќе е дел од Иницијативата за отпорни градови Making Cities Resilient 2030 (MCR2030) во рамки на Канцеларијата на ООН за намалување на катастрофи, а беше разговарано и за иницијативата за формирање на комунална полиција, која значително ќе придонесе за безбедноста во Охрид, особено во периодот на летната туристичка сезона.

Чест ми беше да одговорам на низа прашања поврзани со актуелените теми за безбедност и заштита од природни непогоди на локално ниво, актуелните проекти и предизвиците со кои се соочува Општина Охрид во неколку области од работењето, додава Пецаков.

„Школата за безбедност 2025“ е во организација на фондацијата „Конрад Аденауер“ и на неа учествуваат студенти од Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје, Факултетот за политички студии при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ од Софија, Бугарија и Факултетот за политички науки при „Белградскиот универзитет“ од Белград, Србија.

OhridNews