Градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков денес оствари средба со учесниците на Школата за безбедност 2024, која е во организација на Konrad-Adenauer-Stiftung Skopje, а е во соработка со три факултети од регионот.

Во моето излагање се осврнав на кризните ситуации со кои се соочувал Охрид низ минатото, како и последната со пожарите. Тука ја истакнав потребата од реформа на системот за реагирање и справување со кризни состојби. Низ дебатата која ја развивме со учесниците произлегоа интересни заклучоци кои со задоволство ќе ги проследам до надлежните, вели Пецаков.

Потенцира дека преку вакви средби произлегуваат интересни идеи и предлози за унапредување на системот.

OhridNews