Градоначалникот Кирил Пецаков денес оствари протоколарна средба со амбасадорот на Јапонија во нашата земја, Н.Е. Оцука Казуја.
Непосреден повод за средбата е отворањето на изложбата „UKIYO – E Јапонски лебдечки свет“ на големите јапонски мајстори за дрворези од 17 и 18 век. Изложбата е по повод 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи помеѓу Македонија и Јапонија, а ќе биде поставена во куќата на Робевци, информираат од Општина Охрид.
Градоначалникот Пецаков, додаваат, се заблагодари за исклучително добрата соработка со Јапонската амбасада и изрази надеж дека и во иднина локалната самоуправа ќе биде во можност да учествува во заеднички проекти со амбасадата.
OhridNews