Градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков денес оствари средба со претставниците на пливачкиот клуб „Акваспирит“ од Охрид, кои го организираа Меѓународениот пливачки митинг „Охрид Опен“ 2022 год.

На средбата ме информираа за успешното издание на пливачкиот митинг. Заедно се обврзавме и во иднина посветено да работиме на издигнувањето на пливачките спортови на повисоко ниво, информира Пецаков.

Инаку, на Меѓународен митинг настапија 200 пливачи од земјава и соседството, во 6 возрасни категории и 10 различни дисциплини. Пливачки клуб „Акваспирит“ – Охрид си земаме за обврска да „Охрид Опен“ прерасне во препознатлив бренд, потенцирајќи дека иако е второ издание докажале дека Охрид бил и ќе биде „пливачка дестинација“.

 

OhridNews