Градоначаллникот на Општина Охрид Кирил Пецаков, денес оставри протоколарна средба со официјалниот претставник на германската фондација „Конрад Аденауер” (Konrad-Adenauer-Stiftung North Macedonia), Даниел Браун и проектниот менаџер во Македонија, Давор Пашоски.
Целта на средбата беше запознавање на германската делегација со тековните и планирани проекти на локалната самоуправа и проблемите со кои се соочува, информираат од Општина Охрид.
Заеднички, додаваат, било заклучено дека средбата ќе биде поттик за воспоставување активна соработка и силно партнерство помеѓу Охрид и Фондацијата „Конрад Аденауер“ преку заеднички активности кои ги промовираат демократските вредности, зaедништво и солидарност со цел градење на уште поубав и поразвиен град.
OhridNews