Градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков денес оствари средба со играчите, стручниот штаб и управата на Ракометниот клуб Охрид.
Како поранешен спортист знам колку е важна поддршката на клубот и обезбедување сигурност во текот на натпреварувачката сеозна. Ја потенцирав поддршката што Локалната самоуправа ја дава на клубот и ги уверив дека таа ќе продожи и во иднина. Им посакав успех во претстојната сезона и да продолжат да бидат една убава слика на градот, вели Пецаков.
Претседателот на клубот изрзи благодарност за поддршката што Општина Охрид ја на клубот и во знак на благодарност капитенот на клубот Крсте Андоноски му врачи дрес на градоначалникот со неговот име.
На крајот од средбата сите заедно посакале повторно да се сретнат во овој состав за да прослават успех во натпреварувачката сезона.
OhridNews