Градоначалникот Никола Бакрачески, денеска имаше средба со претставници на Здружението на семејствата на загинатите бранители „ Македонски херои“ . Претставниците на здружението го информираа градоначалникот за текот на реализирањето на нивните законски регулирани права  и изразија задоволство од престојот во Охрид.

Градоначалникот Бакрачески  ја прифати нивната покана да ги посети во одморалиштето на МВР во Охрид, каде на седумдневен бесплатен одмор  престојуваат  120  членови на семејствата на загинатите бранители  од Здружението  „ Македонски херои“ .

OhridNews