Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов на социјалните мрежи објави дека е позитивен на коронавирус.

Почитувани, би сакал да ве известам дека и покрај сите мерки кои што се превземаа од моја страна за моја лична и заштита на луѓето околу мене, сепак не успеав да се себезаштитам од Ковид 19. Искрено се надевам дека вирусот го немам пренесено никому. Денешното тестирање покажа позитивен резултат. Клиничката слика е добра, со благо покачена телесна температура и без потреба од хоспитализирање. Ова е доказ дека вирусот не смее да се потцени и дека мора секој од нас да внимава. Чувајте се и чувајте ги другите околу вас. –  напиша на фејсбук, Шилегов.

OhridNews