Градоначалникот на Општина Охрид, Константин Георгиески, по професија доктор интернист, ја поздрави и ја поддржа иницијатавата за вклучување на докторите интернисти од приватните здравствени организации за помош и поддршка на здравствениот систем во борбата со Ковид 19.
Георгиески и самиот изрази подготвеност да се стави на располагање на здравствениот систем во борбата со Ковид 19.
На денешниот он-лајн состанок со колегите и членовите на Лекарската комора на Р.С. Македонија заклучивме дека согласно препораките и одлуките на здравствените власти треба да излеземе во пресрет на здравствениот систем за полесно надминување на кризата. Подготвен сум да го ставам на располагање својот професионален капацитет и знаење за помош на колегите од јавното здравство. Сметам дека се работи за сериозни кризни моменти како во нашата држава така и во целиот свет и секој придонес е важен. – напиша на Фејсбук градоначалникот Георгиески.
Градоначалникот уште еднаш апелираше до сите граѓани да ги почитуваат пропишаните мерки за заштита и превенција од Ковид 19. –Да се носат заштитни маски, да се одржува потребна дистанца и лична хигиена, поорача Георгиески.
OhridNews