Проблемот со палењето на контејнерите, за што пофолг период алармира OhridNews, деновиве кулминира. За само неколку дена запалени се повеќе контејнери на различни локации, а последните вакви инциденти се случија синоќа.
Најостро го осудувам палењето на контејнери на неколку локации кое се случило вчера вечер. Уништувањето и вандализмот мора силно да се санкционираат и затоа ги повикувам надлежните да ги откријат вандалите. Ваквиот чин е неразбирлив за мене,а штета трпат сите граѓани на Охрид. – истакна градоначалникот Георгиески.
Георгиески упати благодарност до противпожарната служба која брзо и навремено реагираше во сите случаи и спречи евентуална поголема штета.
Охрид е туристички град каде мирот и спокојството на граѓаните и туристите е од најголемо значење. – посочува во јавното обраќање до јавноста Георгиески.
OhridNews