Градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски, денеска објави дека е позитивен на коронавирусот Ковид 19.

Сега ги добив најновите резултати за новите позитивни лица во Куманово, вкупно четириесет мои драги соѓраѓани помеѓу кои сум и јас. Ве охрабрувам заедно и дисциплинирано да продолжиме во борбата против оваа заедничко зло, знам дека ќе го победиме, убеден сум во тоа, ве молам за воздржаност, нема простор за паника, барам од вас дисциплина, почитување на мерките и препораките за социјална дистанца. Ве молам, од душа и срце ВЕ МОЛАМ, почитувајте ги мерките, избегнувајте ги блиските контакти, здравјето ни е најбитно, така ќе победиме сите. – напиша на Фејсбук Димитриевски.

Градоначалникот на Куманово, вчера со претставници на Општинскиот штаб за заштита и спасување во Куманово, оствари состанок со премиерот Оливер Спасовски, вицепремиерот Бујар Османи , министерот за здравство Венко Филипче и министерот за образование Арбер Адеми.  На средбата учествувал и епидемиологот Жарко Караџовски. После оваа средба Филипче и Османи се сретнале со американската амбасадорка во земјава Кејт Мари Брнс. Утрово, пак Филипче имал средба и со амбасадорот на Кина Џанг Ѕуо. Од двете амбасади Македонија прими хуманитарна помош.

Поради контактот со кумановскиот градоначалник, тие денеска не се појавија на закажаниот состанок на Советот за безбедност, на кој, меѓу другото, ќе се разгледува информацијата за евентуално продолжување на вонредната состојба во земјата.

OhridNews