Градоначалникот на едно рударско место во Австралија одлучил да им помогне на  тамошните ергени, па ги повикал грдите жени да дојдат во тој крај, со што индиректно порачал дека со доаѓањето им е „загарантирана“ љубов.

Градоначалникот Џон Молони на тој начин сака да им помогне на неженетите во австралиските провинции кои водат осамен живот.


„Во нашето место на пет мажи има една девојка, затоа треба да се провери каде има помалку убави девојки и да ги замолиме да дојдат во Маунт Ис“ – рекол градоначалникот, со што предизвикал многу негативни критики.

Во прилог на тоа, тој истакнал дека многу жени кои се одлучиле за живот во оддалечените места, веќе изгледаат сосема среќно.