По повод добивањето на највисоките награди на годинешната МАКИНОВА што ги освоија учениците од охридската Гимназија „Св. Климент Охридски“, КОРОВЕШОСКИ, ЈОРДАНОСКИ И РИСТЕСКИ, Градоначалникот Александар Петрески денеска организира прием за добитниците на наградите, професорот и директорот на Гимназијата во знак на признателност за остварениот успех и афирмацијата на Охрид.
наградените ученици на МАКИНОВА со нивниот професор
Приемот е организиран и за учениците ПАЛАЦО И ЃОРГОСКИ од Гимназијата кои се првонаградени на неодамнешната изложба на фотографии организирана од Заводот за заштита на спомениците и Музеј Охрид, а кои како првонаградени ќе патуваат во Стразбур на 7-ми декември.
Признателноста од страна на Градоначалникот на приемот ќе биде упатена и кон тројцата ученици од ВИРТУЕЛНАТА УЧИЛИШНА РАБОТИЛНИЦА при Гимназијата кои го освоија првото место на натпреварот во Будва што се одржа деновиве.
ohridnews