Градоначалникот на општина Дебрца Игор Трајкоски ќе оствари средба со жителите на селата Велмеј и Лешани во врска со изградбата на канализациона мрежа. На состанокот ќе бидат презентирани проектите за изградба на канализационите мрежи, соопшти локалната самоуправа.

Средбата во с. Велмеј ќе се одржат во сабота 13.06.2015 год. во 20:30 часот, додека средбата со жителите на с. Лешани ќе се одржи во недела во 20:30 часот.

OhridNews