По повод настапувачката Православна Нова Година, градоначалникот Александар Петрески и претседателот на Советот, Душко Јаковчески, упатуваат честитка до своите сограѓани со желби за среќна, успешна и берикетна година :
-Традиционалното празнување и дочекот на Православна Нова Година-Василица што се практикува меѓу нашите сограѓани според стари обичаи, нека биде уште еден повод за јакнење на мегусебното дружење и разбирање. Василичарските маалски огнови и веселбите кои се организираат на бројни места во населбите и месните заедници посакуваме да минат весело и достоинствено како што и доликува на секое славење и народната традиција.
Вербата и заедништвото со која се напојуваме од празнувањето и традицијата посакуваме да се искажува и во заедничкото секојдневие исполнето со обврски, задачи и зафати за доброто на општината и нејзините граѓани.
ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com