Во рамки на оперативните мерки кои ги презема Општина Охрид за превенција од ширење на корона вирусот Ковид-19, градоначалникот Константин Георгиески до Советот на Општина Охрид, кој ќе заседава утре, предложи  економски софт мерки, кои се наменети за граѓаните и бизнис секторот во Општина Охрид.

  • ЈП „Охридски Комуналец“ додека не се стабилизира целата состојба, нема да доставува фактури до сите правни субјекти на подрачјето на општината кои нема да работат во согласност со мерките за превенција.
  • Се стопираат сите извршни решенија за наплата.
  • ЈП „Билјанини Извори“, додека трае актуелната состојба нема да наплаќа паркинг.
Константин Георгиески – Градоначалник на Општина Охрид

Градоначалникот Георгиески најави дека во наредниот период ќе информира и за нови мерки кои ќе бидат спроведени во Општина Охрид за надминување на актуелните состојби.

OhridNews