Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески од денес престојува во Израел каде е специјален гостин на „Светската конференција на главни градови“ која ја оргнизираат Министерството за надворешни работи на Израел, „Американско – еврејскиот Конкгрес’“ и ‘„Американскиот Совет на Евреите”.

И покрја тоа што Бакрачески не е градоначалник  на главен град, тој на оваа конференција присуствува по специјална покана на нерезидентниот амбасадор на Израел задолжен за Република Македонија, Дан Ориан.

Бакрачески во рамки на конференцијата ќе се сретне и со премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху, кој ја врши и фунцкијата Министер за надворешни работи. Исто така тој ќе оствари и бројни состаноци поврзани со самата конфернеција, а надвор од настаните на конференцијата закажани се и работни средби со градоначалниците на Ерусалим и Тел Авив, средби со туроператори и туристички агенции како и авио оператори.

Исто така закажани се средби со менаџери на претпријатијата за дистрибуција, одвод и преработка на вода во Ерусалим и Тел Авив, како и со комуналните претпријатија во овие два града.

OhridNews